Хаос и драма во Торонто: Пукотници на прославата, четири лица се повредени! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во пукотниците на прославата на титулата на Торонто Репторс во НБА-лигата во понеделникот во Канада беа повредени четири лица.

Пукотницата предизвика хаос, а луѓето почнаа да бегаат од плоштадот пред градското собрание, на кое имаше 10.000 навивачи.

Во текот на прославата на трибините блиску до местото на инцидентот седеле кошаркарите на Репторс и премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Полицијата уапси три лица и заплени две оружја, а притоа не го наведе мотивот за нападот.

Кошаркарите на Торонто ја освоија титулата во НБА, откако на гости го победија Голден Стејт со 114-110 во шестиот меч од финалната серија и така го донесоа првио трофеј на Канада.