Јувентус го „преболе“ Икарди: „Старата дама“ си најде нов напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Един Џеко синоќа потпиша нов договор со Рома, па тоа расипа многу други планови на италијанските гиганти.

Сега се појави можност Мауро Икарди да остане во Интер, а тоа го натера Јувентус да размислува за алтернативно решение.

Француските медиуми пишуваат дека Јувентус го посакува Муса Дембеле, кој има само 23 години и настапува за Лион, но исто така има и големо искуство, посебно во Лигата на шампиони.

Дембеле дури двапати погоди против Анже вчера кога во Лион го гледаа скаутите на Јувентус, па наскоро се очекува да тргнат по неговиот потпис.

Засега не е позната сумата која планира Јувентус да ја испрати за Дембеле, но останува да видиме во следниот период.