Конечно добри вести за Солскер: Марсијал можно е да заигра против Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во недела на Олд Трафорд ќе одигра големо дерби против Ливерпул.

Овој натпревар за екипата на Оле Гунер Солскер доаѓа во најлошиот можен момент со оглед на тоа дека моментално се наоѓаат во голема криза и од почетокот на сезоната играат лошо.

Ливерпул од спротивната страна ги има сите осум победи и максималните 24 бода и сака да ја продолжи својата низа и да ја задржи предноста пред Манчестер Сити.

Солскер пред се има проблем и со повредените играчи, а моментално дури седум играчи се надвор од теренот.

Пол Погба ќе биде еден од играчите кој ќе го пропушти натпреварот против Редсите, но најверојатно Марсијал можно е да заигра.

Французинот има одиграно три натпревари во оваа сезона и има постигнато два гола пред да се повреди, а СкајСпортс пишува дека Марсијал тренира со првиот состав на тимот оваа недела и големи се шансите да заигра против Ливерпул.