Манчестер Јунајтед му ги мрси сметките на Баерн Минхен и носи германски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе се засили со напаѓач кој треба да ја крене ефикасноста на клубот која оваа сезона е очајна.

Солскјер е во потрага по квалитетен шпиц како поддршка за Марсијал и Рашфорд, а во јавноста веќе се споменуваат неколку имиња.

Последно од нив е, германскиот интернационалец Тимо Вернер кој со успех настапува во тимот на РБ Лајпциг и веќе е редовен германски репрезентативец.

23 годишниот фудбалер е голема желба и на Баерн Минхен, но се верува дека Манчестер Јунајтед може да понуди многу повеќе од „баварците“ и да го обезбеди неговиот потпис следното лето.