Ибрахимовиќ се фати за пе*ис: Ако заминам, никој нема да знае што е МЛС-лига! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ повторно е во центар на внимание во американската МЛС-лига, откако неговиот тим загуби со 3-5 од градскиот ривал ФК Лос Анџелес.

Ибрахимовиќ тешко го поднесе поразот, а при излегување на теренот се фати за пе*исот и на тој начин ги „почести“ домашните навивачи.

Неговиот потег беше критикуван во САД, зашто многумина сметаат дека тоа е непримерен гест, со кој покажал непочит кон ривалот.

Ова е само еден во низата слични потези на Швеѓанецот, а останува да видиме на кој начин ќе биде казнет.

Како што стојат работите, ова ќе биде негов последен меч за Галакси, зашто Ибрахимовиќ наводно е подготвен да се врати во Европа.

„Ако замина од Америка, никој нема да знае за МЛС-лигата“, порача Ибра.