Клиперс запиша шести триумф: Ленард се „разбуди“ и го растури Портланд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Клиперс на крилјата на Кави Ленард славеше против Портланд Трејл Блејзерс со 107-101. НБА-ѕвездата постигна 27 поени и 13 скокови, додека добар настап имаше и Лу Вилијамс, кој постигна 26 поени и осум асистенции.

Мајами хит предводен од одличниот Џими Батлер славеше на гости кај Феникс Санс со 124-108. Гостите го контролираа целиот меч, иако домашните кошаркари се обидуваа да се врататво игра.

Одличниот Џими Батлер во првото полувреме постигна 30 поени, додека во вториот дел не беше толку успешен и додаде само четири поени.

Сан Антонио на домашен терен успеаа да слават против Оклахома со 121-112, благодарение на ЛаМаркус Алдриџ, додека Бостон го победи Шарлот со 108-87.