Покетино го напушта Тотенхем – три кандидати за тренерското место во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино реши да го напушти клубот од Лондон, барем така објави „Дејли Мејл“. Искусниот стратег не го води европскиот вицешампион како што се очекува сезонава од него.

Лошите резултати, како и малите шанси за пласман во Лигата на шампиони следната сезона на крајот ќе има скапа цена за Покетино, кој не може да го врати клубот на победнички патеки.

Кандидати за тренерската клупа на Тотенхем се Еди Хоу од Бормут, Карло Анчелоти од Наполи и Џулијан Нагелсман од Лајпциг.

Од друга страна, сигурно и Покетино лесно ќе најде нов ангажман, зашто претходно се поврзуваше со Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ.