Валверде „заспа“ во Милано и го елиминираше Интер со втор тим! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа славеше со 2-1 против Интер во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони и така го потврди пласманот во нокаут-фазата.

Каталонците уште во претходното коло обезбедија пласман во следната фаза, па тренерот Ернесто Валверде реши да одмори многу фудбалери од првиот тим, меѓу кои и Лионел Меси.

Барселона и покрај голем број на промени славеше со 2-1 и така го запре Интер во намерата да се пласира во нокаут-фазата, па клубот од Милано на пролет ќе игра во Лига Европа.

Интересен момент беше забележан во финишот од дуелот, кога на Валверде не му било интересно, па решил да „заспие“, а со тоа многу тролови се пошегуваа на социјалните мрежи.