Милан подготвува големи промени во нападот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан оваа сезона вложи големи средства во играчкиот кадар и во летниот преоден рок донесе речиси цел нов тим.

Сепак, тоа на крајот испадна како лош потег затоа што многу од фудбалерите кои беа донесени како големи засилувања потфрлија оваа сезона.

Најлоши беа Никола Калиниќ и Андре Силва, па затоа од Милан бараат решение најпрво за напаѓачката позиција. Меѓу играчите кои се споменуваат со трансфер на „Сан Сиро“ се и Андреа Белоти и Чиро Имобиле.

За Белоти има огромен интерес и од други екипи, па затоа од Милан се одлучиле за Имобиле како резервна опција.