Рома донесе стопер од Порто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Рома го комплетираа и второто засилување за следната година. Од следната сезона на „Олимпико“ ќе настапува Иван Маркано кој досега го носеше дресот на Порто.

Станува збор за 30 годишен играч од одбраната кој четири години го носеше дресот на Порто, а сезоната што измина беше доста успешна за него, постигнувајќи седум голови на 45 средби во португалскиот клуб.

Иван Маркано со Рома потпиша договор до 2021 година, а спортскиот директор на клубот по трансферот изјави: „Трансферот на Маркано ќе ни донесе квалитет, физичка цврстина и доста искуство во дефанзивата. Му посакувам среќа во оваа нова авантура“.