Коцките се наредија: Шкендија ги доби потенцијалните противници за наредните кола во ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија може да биде среќна со ждрепката, откако во првото коло го добија Њу Сентс од Велс, а нема да имаат тешки противници ниту доколку поминат понатаму.

Доколку Шкендија победи против Њу Сентс, тогаш ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Шериф и Торпедо во второто квалификациско коло.

Доколку Шкендија стигне до третото квалификациско коло во Лигата на шампиони и бидат елиминирани, тогаш ќе го продолжат натпреварувањето во плејоф-серијата во Лигата на Европа.

Ако тие се пласираат во плејоф-серијата на Лигата на шампиони и испаднат, тогаш ќе играат во групите на Лигата на Европа.