Официјално: Челси ангажираше нов голман! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Челси го потврди пристигнувањето на 38-годишниот Роб Грин, кој доаѓа во Лондон како слободен играч.

Од поранешниот англиски репрезентативец се очекува да биде трет голман на „сините“, а претходно го носеше дресот на Хадерсфилд таун.

„Задоволен сум што пристигнав во Лондон и чест ми е да го носам дресот на ваков клуб“, кажа Грин.

Последниот натпревар Грин го одигра во Карабао Купот за Лидс јунајтед.