Куртоа кажа што мисли за потенцијален трансфер во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Челси, Тибо Куртоа, кажа дека ќе остане смирен и покрај шпекулациите дека постои можност да премине на „Сантјаго бернабеу“ летово.

Белгиецот постојано се поврзуваше со шпанскиот гигант, а тоа го потврди и неговиот агент кој кажа дека Куртоа сака да се пресели во Мадрид, каде што живее неговото семејство.

„Мојот трансфер? Нема ништо да кажам за тоа затоа што сум во комплицирана ситуација“, објасни Белгиецот.

Куртоа има уште една година од својот договор со „сините“ и наводно одбил продолжување на истиот, па догодина може да си замине бесплатно од екипата.

„Не можам многу да кажам, не мислам на тоа, смирен сум и чекам да видам што ќе се случи. Најважно е тоа што ќе бидам подготвен за новата сезона“, вели Куртоа.