„Марка“: Куртоа вечерва стигнува во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долгонајавуваниот трансфер би требало да се случи во наредните часови. Тибо Куртоа, наводно, вечерва пристигнува во Мадрид за да потпише договор со Реал Мадрид, барем така пишува „Марка“.

Одличниот голман сака да се врати во Мадрид, каде што играше во Атлетико од 2011. до 2014. година на позајмица, а една од причините е тоа што таму му живее семејството.

„Летната драма за пристигнувањето на Куртоа во Реал е при крај. Европскиот шампион верува дека ќе го реализира трансферот во наредните часови. Голманот доби довола од тренерот Маурицио Сари да го напутши Стемфорд Бриџ и да замине во Мадрид да потпише договор. Официјалниот најдобриот голман на Светското првенство во Русија има уште една година од договорот со Челси, кој не сака да ризикува и да го загуби бесплатно. Затоа тие би требало да заработат 35 милиони евра за неговиот трансфер“, пишува „Марка“.

Куртоа за Челси има одиграно 154 натпревари, а има примено 152 гола и на 58 средби ја сочувал својата мрежа, па би требало да биде големо засилување за „кралевите“.