Челси со жестока казна за непрофесионализмот на Куртоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Тибо Куртоа пропушти два тренинзи по ред бидејќи е фокусиран на потенцијален трансфер во Реал Мадрид, Челси реши да го казни својот голман.

Гигантот од Лондон сфати дека е време за разделба, а Белгиецот го казни за непрофесионализам со две плати, односно 220.000 евра.

Челси и понатаму се обидува да го спречи Реал да го купи Куртоа, но очигледно наскоро ќе се реализира трансферот.

„Сините“ не сакаат да го пуштат Куртоа за помалку од 50 милиони евра, а преговорите ќе бидат продолжени.