Навас експресно реагираше: Имам желба за заминување голема колку желбата за умирање!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Костариканскиот голман Кејлор Навас набрзо се огласи откако Тибо Куртоа пристигна во Реал Мадрид.

Многумина сметаат дека Навас ќе си ги спакува куферите и по четири години ќе го напушти клубот, но тој кажа дека нема таква намера.

„Секако дека сакам да се борам за место во екипата. Имам желба за заминување исто како што имам желба за умирање“, кажа Навас.

На Навас не му е првпат да има жестока конкуренција кај „кралевите“. Кога пристигна во клубот бранеше Икер Касилјас, но Навас успеа да го избрка од првиот тим.

Кој ќе биде прв голман на Реал, ќе видиме во наредниот период, но се очекува тоа да биде Куртоа, кој се пресели во Мадрид за 35 милиони евра од Челси.