Овации од трибините: Не работи ништо, а заработува 505.000 фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кризата во Манчестер Јунајтед е продлабочена синоќа откако бод од Олд Трафорд во второто коло од Лигата на шампиони однесе Валенсија (0:0).

Менаџерот Жозе Мурињо е многу близу до отказ од клупата на Црвените Ѓаволи, а се чини дека во клубот нема уште долго да остане и чилеанецот Алексис Санчез.

Иако е еден од најплатените фудбалери во светот, тој не прави никаква разлика на теренот, а синоќа повторно одигра слаб натпревар, па 15 минути пред крајот Мурињо одлучи да го замени.

Навивачите од тој потег беа навистина воодушевени. Олд Трафорд го поздрави излегувањето на Алексис од теренот, а неговото разочарување после тоа беше очигледно.

Се чини дека навивачите едвај чекаа чилеанскиот напаѓач да си оди и сметаат дека на теренот не прави ништо иако има плата од 505.000 фунти неделно.