Играчите на Ливерпул со наведнати глави ја напуштија „Маракана“, Звезда до историска победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тајмингот од 18:55 часот беа одиграни првите два натпревари од 4. коло од Лигата на шампионите.

Огромно изненадување приреди тимот на Црвена Звезда кој со 2:0 успеа да слави против фаворизираниот Ливерпул кој истрча со најсилниот тим на „Маракана“.

Двата гола за домаќините ги постигна Павков и тоа во период од само седум минути. Првиот беше постигнат со глава во 22. минута, додека вториот беше вистински проектил од далечина, а беше постигнат во 29. минута.

На останатиот натпревар кој се одигра од 18:55 екипата на Бриж со високи 4:0 славеше на гостувањето во Кнежевството и му нанесе уште еден тежок пораз на Тиери Анри кој се уште ја очекува првата победа на клупата на Монако.