Формула 1 следна сезона ќе се вози и во Саудиска Арабија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 преку социјалните мрежи и официјалниот веб-сајт соопшти дека од следната сезона ќе се вози и трка за Големата Награда на Саудиска Арабија.

 Трката ќе се вози во Џеда и е закажана за ноември, а тоа ќе биде воедно и прва трка во Формула 1 во Саудиска Арабија.

„Возбудени сме што ќе се вози трка во Саудиска Арабија, може да и посакаме добредојде и да ја поздравиме нивната најава по шпекулациите во претходните денови. Саудиска Арабија е држава која станува место за спорт и забава“, изјави Чејс Кери, првиот човек на Ф1.