Зарем Мурињо може ова да го каже за Гвардиола?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утре на Олд Трафорд се игра едно од најголемите градски дерби, меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Ќе биде ова прв дуел на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо откако стигнаа на Островот и за тоа бруи целата спортска јавност во Англија.

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Муруњо зборуваше на конференцијата за новинарите само позитивни работи за утрешниот ривал, а дури и ја искористи шансата и да го пофали нивниот тренер Пеп Гвардиола.

Мурињо порачува дека Сити е одличен тим и дека нема да биде лесно да ги победат.

„Тие се многу добар тим. Беа одлични во минатата сезона, но и во пред минатата. Истотака, беа одлични и пред три или четири години.

Тие се многу добри откако ги превзде нов сопственик. Имаат многу добри фудбалери, но и многу добар тренер. Тие се кандидати за титулата и мораме да ги респектираме“, рече Посебниот.

Да потсетиме дека тој и Гвардиола никогаш не биле во посебно добри односи, а тоа датира уште од времето кога Жозе го водеше Интер, а Пеп Барселона.

Мурињо истотака додаде дека се чувствува нормално пред утрешниот меч и дека не чувствува голем притисок.

„Дерби е секогаш посебен, но се чувствувам нормално. Знам дека дерби значи се. Играв многу дерби каде што и работев и секогаш пробувам да победам. За мене ова значи само натпревар со многу квалитетен ривал“, порача Жозе.

Утрешниот меч почнува од 13:30 часот.