Сите заинтересирани клубови можат да праќаат понуди: Ливерпул ја одреди цената за својот играч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Мамаду Сако сеуште ја чека вистинската понуда за да го напушти тимот на Ливерпул.

Сако минатата сезона падна на допинг тестот поради што беше неколку месеци суспендиран.

Иако беше достапен на Клоп за настапи во оваа сезона, на крајот Германецот одлучи дека нема да смета на него.

Веќе неколку години се шпекулира за тоа дека Сако својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Галатасарај.

Поради овие шпекулации, Ливерпул кажа дека ќе го продава својот играч, но за сума поголема од 20 милиони фунти.

Овој 26 годишен фудбалер во досегашната кариера во Ливерпул одигра 56 натпревари.