„Сити заслужи да победи!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино има голема причина за задоволство по освоениот бод на „Етихад“ кај Сити.

Тотенхем успеа од 2:0 негатива да дојде до еден бод, но Сити успеа да ја прокоцка предноста.

„Искрено, тие беа подобри и требаше да го добијат овој натпревар. Многу сум задоволен со резултатот, посебно поради фактот дека се вративме во натпреварот по 2:0 негатива. Ова е голем бод за нас во еден исклучително тежок натпревар.“

Тотенхем со овој бод ја продолжи серијата без пораз. Моментално Тотенхем има 6 бодови помалку од Челси, но и натпревар повеќе.