Марио влезе и му донесе победа на Интер против Палермо и Трајковски, Џенова и Пандев ремизираа против Кротоне


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште пет од натпревари се одиграа од 21-то коло во Серија А.

Болоња на домашен терен го победи Торино, 2:0. Двата погодоци ги постигна Блерим Џемаили.

Џенова и Кротоне ремизираа на Луиџи Ферара, 2:2. Симеоне пред крајот на првото полувреме му донесе водство на Џенова. Во 54-та минута Чечерини го израмни резултатот. Горан Пандев влезе во 61-ва минута на местото на Лазовиќ. Беше досуден пенал за Џенова, а Окампос го врати водството на домашните. Ферари ги постави конечните 2:2.

Сасуоло на гости ја победи Пескара со 1:3. На почетокот на натпреварот Матри погоди за водство на Сасуоло. Во второто полувреме Бахебек го израмни резултатот во второто полувреме. Пелегрини го врати водството на гостите. Матри го постигна вториот погодок на денешниот натпревар за 1:3. Бираги промаши пенал и резултатот до крајот не се промени, 1:3.

Интер минимално го победи Палермо на гости, 0:1. Резервата Жоао Марио му ја донесе победата на нероазурите во 65-та минута. Илија Несторовски за Палермо ги одигра сите 90 минути, а во првото полувреме доби жолт картон. Александар Трајковски не настапи на денешниот натпревар. На овој натпревар Интер остана со 10 фудбалери бидејќи Ансалди доби црвен картон.

Емполи на домашен терен минимално го победи Удинезе, 1:0. Леван го постигна победничкиот погодок на домашните.