Прв човек на кој му успеа од 1962 – Вестбрук осигура трипл-дабл просек во сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Оклахома беше поразена од Феникс со 120:99, но овој натпревар ќе остане запаметен по Вестбрук.

Тој успеа да стигне до трипл-дабл и така да осигура таков просек пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Три натпревари има до крајот на сезоната, а не постои ниту теоретска шанса просекот на Вестбрук од асистенции и скокови да падне под 10, па така одличниот бек стана првиот играч по Робертсон на кој му успеало ова.

Тој постигна 23 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Му недостигаа само 2 асистенции за да го сруши рекордот на Робертсон од 1962 година.