„Еден гол може да ви донесе титула!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси станаа вчера шампиони на Англија, откако го победија тимот на ВБА со 1:0.

Многу среќен беше Фабрегас. На него ова му е втора титула со Челси откако стигна од Барселона.

Фабрегас по натпреварот го пофали Батшуиа, кој го постигна единствениот гол на средбата.

„Тоа е убавината на фудбалот. Тој не можеше да игра многу оваа сезона и сите мислеа дека не е многу важен фудбалер, а на крајот постигна гол и ни ја донесе титулата.“

Да потсетиме, Фабрегас оваа сезона не играше колку што се очекуваше и се споменува дека би можел да замине од тимот.