Јувентус се помири со голема загуба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јуве нема обичај да ги држи фудбалерите во клубот против нивната волја, па веројатно уште еден првотимец ќе си замине од тимот.

Бразилскиот дефанзивец Алекс Сандро донел одлука да го напушти клубот.

Сандро уште од летото се споменуваше како засилување на Челси, па се поизвесно е дека набрзо ќе го напушти Торино. Не се наигра во досегашниот дел од сезоната и наводно одлучил да ја смени средината.

Иако директорот на Јувентус, Бепе Марота тврди дека играчот е среќен во Торино, медиумите пишуваат дека Алекс дури побарал и трансфер, а Јувентус ќе го понуди на неколку клубови со понуда не помала од 55 милиони евра.

Челси и понатаму е заинтересиран за Сандро и ќе проба да го доведе во јануари, но се шпекулира дека неколку европски великани се во борба за неговиот потпис, кога веќе одлучил дека сака да искуси нешто ново во неговата кариера.

Сандро од 2011. година впиша 10 настапи за репрезентацијата на Бразил, а пред Јувентус, за кој постигна шест гола, играше за Порто.