Десниот бек на Јувентус порано ќе го напушти клубот од очекуваното


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот фудбалер Стефан Лихштајнер би можел да го напушти тимот на Јувентус во текот на јануарскиот преоден рок.

Овој искусен десен бек има договор со Јувед до крајот на тековната сезона, а нов нема да му биде понуден. Сепак, иако се мислеше дека моменталниот договор ќе го испочитува до крајот, се чини дека би можел да замине шест месеци порано.

За неговите услуги е заинтересирана екипата нан Марсеј која веќе во јануари сака да го доведе во своите редови. Француската екипа врши голем притисок на Јувентус со цел Старата Дама да го пушти Швајцарецот во јануари и се чини дека тоа и на крајот ќе се случи.

Да потсетиме, Лихштајнер наредниот месец ќе наполни 34 години, а член на Јувентус е од 2011 година, кога пристигна од Лацио. Оваа сезона тој одигра 13 натпревари во Серија А и запиша една асистенција.