Срамно однесување: „Плукаше“ по смртта на Астори, а сега сака да се извини


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Дани Алвеш делумно се извини поради коментарот, кој го испрати по смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Алвеш откако дозна за смртта на 31-годишниот фудбалер кажа дека му е жал за него, но и дека илјадници деца умираат дневно и дека не се посветува доволно внимание на нив.

Очекувано, ваков коментар предизвика бес кај многумина, а Алвеш денес се извини поради своите зборови.

„Не сакав никого да навредам. Живееме во свет во кој мора да бидете лицемерни за да бидете почитувани. Се извинувам ако моите зборови повредија и навредија некого“, вели Алвеш.