Каква е конкуренцијата кога најталентираниот играч на светот мора на позајмица?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Влезе во историјата, на 18 години стана најмладиот европски шампион.

Ренато Санчез тргна по стапките на Роналдо, Пепе и останатите херои на најголемиот триумф на Португалија.

И се тоа се случи откако потпиша договор со Баерн. Тогаш имаше многу пофалби на нивна сметка затоа што го донесоа пред Јунајтед.  Тогаш наводните 35 милиони евра беа малку за тоа што ќе вредеше тој за неколку години.

Прво имаше тврдења дека тој нема 18 туку 24 години, но тоа се докажа дека е лага.

Сепак, Санчез потона, го споредуваа со Сидорф, а заврши како резерва кај Анчелоти.

Во БЛ нема започнато натпревар од 1-ви октомври и ремито со Келн. Јасно, конкуренцијата е неверојатно, но се очекуваше повеќе од него.

Сега се зборува дека тој би можел да оди на позајмица, а можеби назад ќе се врати во Бенфика. И по заминувањето на Лам и Алонсо, наредната сезона Баерн планира нови засилувања, пред се Верати, но и уште неколку играчи од средината на теренот.

Во 19 натпревари оваа сезона, тој не постигнува ниту еден гол, а немаше ниту асистенција.

За него се дојде прерано, во години во кои ја освои титулата „Златно момче“, односно најталентиран играч во Европа.

Оваа сезона делува изгубена, иако во август ќе наполни 20 години/

Има време, но по се изгледа дека сака да замине.