Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул го сакаат Џејмс Медисон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Тотенхем оваа сезона не играат добро и со сигурност во јануари ќе побараат соодветни засилувања за своите тимови.

Еден од најбараните играчи во овој преоден рок можно е да биде играчот на Лестер, Џејмс Медисон.

Токму за него се распрашуваат Тотенхем, Манчестер Јунајтед, па дури и Ливерпул, па тренерите на овие тимови со задоволство би го виделе во својата екипа.

Медисон оваа сезона игра одлично, но трансферот може да биде уништен поради високата цена бидејќи Лестер нема да го пушти под 90 милиони евра.

Во борбата за овој фудбалер се вклучи и Клоп, а тој би можел да го доведе Медисон бидејќи баш таков тип на везен играч му недостасува во тимот.