Не можеше без скандал: Ибра се фати за гениталиите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ повторно беше во центарот на вниманието во 1/4 финалниот натпревар во МЛС против неговиот Галакси и градскиот ривал Лос Анџелес ФК.

Галакси беа поразени со 5-3, а Златан тешко го поднесе поразот и тоа што нема да игра во полуфиналето.

Тој при излегувањето од теренот се фати за гениталиите и ги „почасти“ домашните навивачи.

Со овој потег се најде на мета на критики во САД.

Ова е само еден од низата на слични однесувања на Златан, а останува да видиме на кој начин ќе биде казнет.

Како што стојат работите, голема е веројатноста ова да биде последен меч за Галакси, бидејќи наводно Ибра е спремен да се вративо Европа.