Ѓоковиќ делуваше изгубено, а Англичаните решија да го „дотепаат“ со едно прашање!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ делуваше многу разочарано на прес-конференцијата по поразот од Роџер Федерер во Лондон.

Србинот не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот, откако во групата фаза загуби од Федерер.

Сепак, Ѓоковиќ се соочи со срамен третман од публиката, која аплаудираше на секоја негова двојна грешка.

Англиските медиуми не се потрудија тоа да го осудат, па еден новинар на Ѓоковиќ го праша за атмосферата во арената.

„Важен е меч и секогаш кога играм со Надал или Федерер, стадионот е полн, гласно е и добра е атмосферата“, беше џентлментскиот одговор на Ѓоковиќ, иако добро знае низ што помина во арената.