„Реал сака да го купи Салах“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Египет, Мидо верува дека неговиот сонародник Салах ќе се пресели во Реал Мадрид.

Напаѓачот на Ливерпул минатото лето стигна од Рома и во првата сезона за „црвените“ постигна 30 голови во Премиерлигата.

„Се плашев дека нема да успее во Ливерпул, но сега сум сигурен дека е подготвен за уште повисоко ниво. Реал може да ја искористи својата моќ. Сака да го купи Салах. Сите видовме колку беа лоши Герет Бејл и Карим Бензема во системот 4-4-2, но Реал може да го искористи квалитетот на Салах“, вели Мидо.