Нема шега со Јунајтед, Рајола го изгуби највредниот играч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајола изгуби еден од највредните фудбалери. Тоа што се најавуваше претходно, сега е официјално. Лукаку го отпушти контроверзниот менаџер, па сега за неговата иднина ќе се грижи агенцијата „Рок Нејшн Спортс“.

Таа агенција менаџира голем број играчи во НФЛ и НБА, како Кевин Дурант, а од фудбалерите го презентира Кевин Принс Боатенг.

Се зборуваше дека Јунајтед имал големо влијание на Лукаку да го раскине договорот со Рајола.

Рајола продолжува да го нуди Погба на различни клубови, иако мала е веројатноста некој да плати многу пари за Французинот.