Шампионот на НБА го посакува Ѓоковиќ во нивната екипа (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на актуелниот шампион Голден Стејт, Стив Кер, даде интересна изјава откако беше забележан во Њујорк како ги гледа натпреварите од Ју-Ес опен.

„Ѓоковиќ, Надал и Федерер ми се омиелни играчи. Погледнете го машкиот дел од ждрепката, ова е најдобро нешто што може да видиме од тенисот. Тие се некои од најдобрите тенисери на сите времиња. Ѓоковиќ ми е омилен“, кажа Кер.

На прашањето на кој од најдобрите тенисери би му понудил НБА договор, Кер одговори дека тоа би бил Ѓоковиќ.

„Би се обидел со Ѓоковиќ. Мислам дека може да го чува секој затоа што добро се движи од една на друга страна и мислам дека може да застане пред било кого. Би бил одличен во контра-нападите“, објасни тренерот на Голден Стејт.