„Не сум подготвен за одмор“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер нема намера да го напушти клубот до крајот на сезоната.

Легендите на Арсенал го креваат гласот против Венгер и бараат да замине, па Јан Рајт изјави дека Венгер е уморен и дека треба да одмори.

„Не знам што мислеше Рајт со тоа дека сум уморен? Можеби бидејќи станав утрото рано и навечер доцна заспав. Да, поради тоа сум некогаш уморен. Го почитувам тоа што сакаат да одморам, но не сум подготвен за тоа.“

Арсенал за викенд го победи Хал со головите на Санез, но е далеку од трофеите оваа сезона.

Венгер е на клупата на Арсенал од 1996 година.