„Знаевме дека се подобри од нас“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Лестер, Клаудио Раниери изјави по поразот од Севиља во првиот натпревар од 1/8-финале во ЛШ и дека е задоволен што неговиот тим не го предаде во ниту еден момент.

Актуелниот шампион на Англија, кој оваа сезона е на работ на испаѓање од ПЛ, поразен беше во Андалузија со 2:1, а реваншот се игра на 14-ти март.

„Знаевме дека се подобри од нас, дека имаат голем квалитет кога топката е во нивни посед. Имавме проблеми, но покажавме срце. Верувавме во себе и не се откажавме во ниту еден момент.“

Севиља имаше шанса да ја направи својата победа поголема, но во таа намера ги спречи Шмајхел.

„Каспер и останатите имаа добар натпревар. Каспер одбрани пенал и му помогна на тимот.“