Официјално – Палермо доби нов претседател!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Палермо минатата недела потврди дека Ѕампарини не е повеќе претседател на клубот, откако по 15 години одлучи да поднесе оставка.

Овој клуб најверојатно ќе го превземе италијанско-американска компанија, а Палермо денес на официјалната страна потврди дека Пол Бакаљини е новиот претседател на клубот.

„Пол е добро запознае со состојбата во тимот и веќе неколку пати беше од голема помош. Се договоривме брзо и од наредниот месец Интергритас капитал ќе биде сопственик на клубот, а Пол е избран за нов претседател. Тој испрати своја програма која беше изгласана.“

Новиот претседател на Палермо порано работеше во ТВ станици во Италија како коментатор, а неодамна стана акционер во Палермо.

Се очекува тој да потпише договор на 4 години.