Ирвинг сака во Спарс ама Кливленд не попушта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Откако побара размена надвор од Клвиленд се дозна дека една од посакуваните дестинации на Кајри Ирвинг е тимот на Сан Антонио Спарс, каде би можел да формира убиствено дуо со Кавај Ленард. Но, раководството на Кливленд не е убедено дека Спарси можат да дадат доволно добра понуда со која би го привлекле Ирвинг.

 

Спарси се спремни да ги пратат Ламаркус Олдриџ и Дени Грин во Кливленд за да го добијат Кајри Ирвинг, но тимот на Кавалирс не е задоволен со оваа понуда бидејќи тие бараат помлади играчи кои ќе можат да бидат подолго време во тимот.

 

Од раководството на Кливленд се надеваат дека во размената за Кајри Ирвинг може да добијат некој пакет од искусни ветерани + млади играчи за да може тимот без поголеми проблеми да остане при врвот на НБА лигата и по заминувањето на Ирвинг.