Фиорентина се збогуваше со Астори: Збогум капитену, ти беше навистина одлична личност!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како заменик на Давиде Астори, Милан Бадељ е во центар на внимание откако одржа говор во име на целиот состав и се прости од италијанскиот фудбалер.

Многумина од собраните луѓе пред црквата ги расплака овој говор.

„Мил Давиде, зборувам во име на соиграчите. Твоето име на хебрејски значи – сакан, а кога ќе ги видам овие луѓе собрани поради тебе, знам дека навистина ти стои тоа име. Твојата мајка и татко мора да знаат дека никогаш немаш згрешено. Ти си син и брат каков што секој би посакал. Ти беше најдобар соиграч на сите. Нашите мисли се со твоето семејство. Твојата мала ќерка мора да знае дека татко и беше голем човек“, кажа Бадељ.