Навивачите на Јувентус имаат нов најомразен фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш минатото лето го напушти Јувентус по само една сезона и ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Алвеш во Јувентус дојде од Барселона, но ги шокираше навивачите на клубот откако одлучи да замине, па тој не е омилен кај навивачите на „старата дама“.

Бразилецот зборуваше откако ПСЖ испадна од ЛШ и кажа дека му е мило што Јувентус се пласирал понатаму, но исто така кажа дека Дибала мора да го напушти клубот ако сака да напредува.

„Дибала мора да замине од Јувентус ако сака да напредува. Тој игра одлично, но потребни му се поголеми предизвици, а такви нема да ги добие од Јувентус. Секако, ПСЖ би бил одличен избор за него“