Дали Погба беше престрого исклучен?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се чини дека ПСЖ веќе во првиот меч го реши преминувањето во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Парижаните со 2-0 го совладаа Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд и ги покажаа своите квалитети.

Мрежата на Де Геа ја погодија Кимпембе и Мбапе, а пред самиот крај на мечот црвен картон доби Погба.

Поточно во 89. минута после дуелот со Авлес главниот судија реши да му покаже втор жолт картон и го прати во соблекувалнат.

Се чини дека ова беше престрого, но најдобро е да пресудите сами.