Кирјос го освои трофејот во Акапулко! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос славеше утрово во Акапулко, откако во финалето го совлада Германецот Александер Зверев со 6-3 и 6-4.

Кирјос ја искористи својата брејк-шанса во четвртиот гем од првиот сет за водство од 3-1, па го освои сетот со 6-3.

Во вториот сет Зверев не можеше да се врати во игра, па Кирјос повторно направи брејк, овојпат за 3-2, а тоа беше доволно да стигне и до 6-4.

Австралиецот на тој начин ја освои петтата титула во кариерата, а навистина имаше лудо патешествие на турнирот во Мексико.

Кирјос по големиот триумф против Рафаел Надал реагираше бурно, па ја провоцираше публиката, по што доби критики од Шпанецот. Потоа на „репертоарот“ на Австралиецот беа Станислав Вавринка и Џон Иснер, па од понеделник Кирјос се очекува да биде 31. тенисер во светот.