Капитенот на Реал Мадрид подготвува спектакуларна свадба! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на 15 јуни годинава ќе се венча со долгогодишната девојка Пилар Рубио, а венчавката ќе биде на врвно ниво.

Рамос организираше доаѓање на големи музички имиња, па во живо на венчавката ќе настапат светски познати бендови како Аеросмит и Еј-Си/Ди-Си.

Пилар откри дека светските ѕвезди ќе пејат на нивната венчавка, но не сакаше да ги откри нивните имиња.

„Ќе биде нешто големо, но не можам да кажам. Едвај чекам да ја облечам венчаницата, но едвај чекам и по венчавката тоа што ќе биде“, кажа згодната Пилар.


Меѓутоа, „АС“ многу брзо ги објави имињата на светски познатите бендови. Гостите веќе прашале кои бенд го сакаат и тие на крајот решиле за тоа.

Исто така, за да им овозможат максимално уживање на гостите на забавата, ќе бидат забранети мобилните телефони, камери, за да може гостите да се опуштат.

 

View this post on Instagram

 

Verano, te voy a echar de menos… ☀️// Summer, I’m going to miss you… ☀️

A post shared by Pilar Rubio (@pilarrubio_oficial) on