Официјално: Две големи засилувања од Бундеслигата во Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако го објавија трансферот на голманот Артурс Кугис од Летонија, денес од таборот на Вардар потврдија дека пристигнуваат уште две големи засилувања

Нови ракометари на европскиот шампион се Русите, Сергеј Горпишин и Павел Атман кои доаѓаат од Ерланген односно Хановер, два членови на германската Бундеслига.

Горпишин е 21 годишен пикер кој е висок 200 см и ќе претставува големо засилување и во одбраната, но и во нападот на Вардар, додека Атман е поранешен ракометар на Металург и е добро познат на македонската јавност.

Во текот на следните неколку денови се очекува да бидат објавени уште неколку трансфери, а следен ќе биде оној на Димитар Димитриоски од Металург.