Легендата ја отвори вратата: Најдобро место за Нејмар е Реал Мадрид!

0

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути изјави дека постои можност во иднина во Мадрид да пристигне Нејмар.

Откако ја заврши својата кариера Гути остана во Реал Мадрид како тренер во младинските категории. Меѓутоа и понатаму често знае да се појави во јавноста со своите изјави, особено на сметка на Барселона.

Овој пат Гути зборуваше за засилувањата на „кралевите“ во наредниот период, па смета дека најдобро место за Нејмар е токму Реал Мадрид.

„Реал Мадрид секогаш ги има најдобрите играчи во светот, а Нејмар е сигурно еден од нив. Свесен е дека мора уште многу да работи за да стане најдобар, а нема подобро место на светот од Мадрид за него. А што се однесува до Бензема, мислам дека ќе го напушти клубот и ќе замине во ПСЖ“, вели Гути.

Share.