Барселона не може повеќе да чека: „БОМБА“ за еден од најдобрите во ПЛ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филипе Кутињо сеуште се нема вратено на теренот од незгодната повреда и не може да му помогне на Ливерпул.

Барселона покажа интерес за него, а и Нејмар ги вмеша своите прсти обидувајќи се да го наговори да дојде во тимот.

Во игра е и Реал Мадрид, а нивни адути се Бразилците – Касемиро и Марсело.

Наводно играчот изјавил дека не сака да замине во Барселона, бидејќи тешко ќе избори место покрај одличното трио МСН.

Меѓутоа, повторно се појавија шпекулации за понуда на Барселона од 60 милиони фунти за Кутињо.

Што ќе биде од овој трансфер, најверојатно ќе дознаеме во лето..