ВТА Монтереј – Павличенкова и Кербер ќе играат во финале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во финалето на турнирот во Мексико ќе гледаме дуел помеѓу Павличенкова и Кербер.

Русинката беше подобра од Гарсија со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 6:4, а од друга страна Германката победи против Суарез-Навар со 2:0, односно 7:6 и 6:1.

Павличенкова и Кербер досега играа 8 пати, а Германката победи 5 пати.

Финалето ќе се игра од 22:30, а победничката ќе добие 280 ВТА поени и чек од 43.000 долари.