Федерер го збриша Лајовиќ и закажа дуел со Зверев

0

Роџер Федерер за нешто повеќе од час и половина игра успеа да слави против српскиот тенисер, Душан Лајовиќ.

Популарниот „Федекс“ со 3:0 во сетови (7:6, 6:3, 6:2) славеше против 79-тиот носител на АТП листата.

Лајовиќ парираше на Федерер само во првиот сет кој Швајцарецот го доби во тај брејк. Во преостанатите два сета седумкратниот освојувач на Вимблдон го засили ритамот и забележа рутинска победа.

Во третото коло Роџер Федерер ќе се сретне со Германецот, Миша Зверев.