Американска легенда ги „запали“ навивачите со изјава за – Ѓоковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тенисер Џон Мекинро ја „запали“ атмосферата пред финалето на Австралија опен во кое ќе играат Рафаел Надал и Данил Медведев.

Доколку победи Русинот, тогаш Новак Ѓоковиќ ќе го загуби првото место, а доколку слави Шпанецот, тогаш Надал ќе стане човек со најмногу освоени гренслем-титули.

Легендарниот Мекинро смета дека Ѓоковиќ ќе остане најдобар тенисер во светот, дури и ако го изгуби првото место на АТП-листата.

„Мислам дека тоа што е важно е кој е прв на крајот на годината. Ова е само почеток. Секако, големо постигнување е да бидете прв тенисер во светот, но… Не може да ми кажете дека Ѓоковиќ, кој освои три гренслема и стигна до финале на Ју-Ес опен не е најдобар во свет“, кажа Мекинро.

Српскиот тенисер беше депортиран од Австралија, откако му беше укината визата, па така остана без можност да ја брани титулата во Мелбурн.